13.08.2020
Образование
Учениците до трето да одат во школо, а другите да учат на далечина, предлага КЗБ
Учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите да има онлајн-настава, односно да учат од дома, предложи Комисијата за заразни болести на денешниот состанок со претставници на Министерството за образование и наука, вели министерот за здравство Венко Филипче. Кога ќе почне школската година зависи од Министерството за образование и наука, вели тој.
Филипче вели дека за овој предлог на Комисијата треба да се дискутира на седница на Владата и да се донесе конечна одлука.
– За градинките, следниот понеделник или вторник ќе имаме уште еден состанок со Министерството за труд и социјална политика, тие ја ажурираат бројката, бидејќи сега гледаат колку деца ќе се испишат, а колку ќе се запишат, па врз основа на тоа да се направи – вели Филипче.