X
 13.09.2018 Образование

#ЗнаешШто? Во Шуто Оризари се зборуваше за борбата со сиромаштијата

Вториот од серијата настани под името #ЗнаешШто се одржа завчера (10.09.2018) со почеток во 17:30 часот во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари, а главна тема на дискусија беа механизмите за борба со сиромаштијата во Македонија како земја-членка на ЕУ. Модератор на настанот беше Назим Рашиди, а негови соговорнички беа Љатифе Шиковска, претседателка на НВО Амбрела, која има големо искуство со ромски прашања и политики, и Билјана Дуковска, експертка во полето на борба со сиромаштијата.

Преку 60 гости беа присутни на настанот кој се одржа и на македонски и на ромски, а беше преведен и на албански јазик. Откако говорничките ги објаснија своите ставови и можностите кои би ѝ се пружиле на државата, присутните имаа шанса да прашаат дополнителни прашања на оние теми кои ним најмногу ги засегаат. Најмногу се дискутираше за можностите за зголемување на социјалната помош и проблемот со невработеноста, особено кај малцинствата кои можеби имаат пониско образование, како и помалку економски и социјални можности. Од особен интерес за присутните беше т.н. „мини-изложба“ поставена во училиштето, каде како експонати стоеја различни податоци за државата во споредба со нашите соседи по нивното членство во Унијата.



Овој настан е дел од проектот #ЗнаешШто кој го води Демокраси Лаб на национално ниво со цел едукација на граѓаните за дел од темите кои ги засегаат нивните заедници и можностите кои ги нуди Европската Унија на своите земји-членки при соочувањето и наоѓањето решение на слични предизвици.

Сефер Селими, основачот на Демокраси Лаб како платформа за градење и зајакнување на демократските вредности особено кај младите лица и граѓанскиот сектор, потенцира дека сите заинтересирани се добредојдени да присуствуваат на настаните за да дознаат повеќе и да се информираат на оние теми кои ги засегаат, а подетални информации во однос на време, локација и тема на дискусија на наредните дијалози можат да најдат на Фејсбук страната на Демокраси Лаб.

#ЗнаешШто Штип? ќе се одржи во четврток, 13ти септември во Градската Бибилиотека „Гоце Делчев“ во Штип со почеток во 17:00 часот. Во Штип ќе се дискутира за работничките права и животниот стандард во Македонија како земја-членка на ЕУ, заедно со Кристина Ампева, долгогодишна активистка на полето на работничките права, и Игор Јадровски, претставник на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

По Штип, следуваат #ЗнаешШто дијалози и во Тетово, Кавадарци, Куманово и Битола. Сите #ЗнаешШто дијалози можат да се следат и преку пренос во живо на Фејсбук страната на Демокраси Лаб.


(комерцијална објава)
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование