X
 13.10.2019 Технологија

Полициски робот игнорира луѓе што сакаат да повикаат полиција

Кога една жена во близина на Лос Анџелес видела луѓе како се тепаат и се обидела да повика помош преку полициски робот кој патролирал во околината, роботот само ѝ рекол да му се тргне од патот и си продолжил по претходно одредената патека. Помошта не пристигнала додека луѓето не се јавиле директно во полиција, што покрена прашања во САД за тоа каква (ако воопшто има некаква) функција треба да вршат овие роботи.

- Излегува дека роботот патролира во паркот во име на полицискиот оддел, но нема начин како да повика луѓе-полицајци на местото - истакна Козма Лозано, шеф на полицијата во Хантингтон Парк, Калифорнија.

Наместо тоа, истакнува Лозано, повиците одат во компанијата што ги изработила роботите, „Најтскоуп“, и ќе продолжат да се префрлаат таму додека полицискиот оддел не развие протоколи за преземање на повиците направени преку полицискиот робот. Ова малку ги изненади Американците бидејќи роботот патролира уште од јуни.

Фактот дека луѓето претпоставуваат дека роботот, на кој пишува „полиција“, треба да ги поврзе со полицијата открива колку се небулозни роботите. Особено кога се појавуваат без никаков вид јавна едукација.

- Ќе бидеме ли во неволја ако го допреме? Кој управува со него? Не знам како работи. Треба ли сепак да се јавам на 911 - прашува Вајолет Алварез, посетителка на паркот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија