Њујоршката полиција акумулира масивна база на податоци за ДНК од илјадници генетички профили. Примероците од ДНК се од осуденици, но и од луѓе што само биле испрашувани.
Практиката покренува прашања за правата на приватност и граѓанските слободи, особено затоа што полицајците собрале ДНК-примероци без да им кажат на субјектите, собирајќи го материјалот од објекти како шолји за кафе, цигари и шишиња за вода.
Особено вџашувачки е примерокот земен од 12-годишник, собран од сламка откако детето зборувало со полицијата во 2018 година.
Шефот на детективите во њујоршката полиција, Дермот Шеј, вели дека полицијата не собира ДНК
неселективно.
- Доколку го правевме тоа, ќе имавме база на податоци од милиони и милиони - вели Шеј.
Адвокатите на граѓанските слободи работат на оспорување на методите на полицијата врз основа на прекршување на четвртиот амандман и врз основа на тоа дека ја еродира довербата во полицијата, особено кога се собираат ДНК-примероци од луѓе што не извршиле криминал.
Фото: Freepik