X
 13.10.2021 Живот

Дутерте: Тие што не сакаат да се имунизираат ќе ги вакцинираме додека спијат

Луѓето што сѐ уште не сакаат да примат вакцина против коронавирусот треба да се вакцинираат додека спијат, вели претседателот на Филипините, Родриго Дутерте.

- Знам дека многумина сѐ уште не сакаат да се вакцинираат и тие претставуваат проблем. Значи, ајде да влеземе во нивните куќи и да ги вакцинираме додека спијат. Крај на приказната - предложи Дутерте во телевизиско обраќање и додал дека тој ќе ја води акцијата.

Тој посочи дека покрај имунизацијата, важно е луѓето да носат маски и да одржуваат физичка дистанца бидејќи само тие мерки можат да го спречат ширењето на коронавирусот во земјата.

Речиси 50 милиони дози на вакцини против коронавирусот од различни производители се дадени на Филипините досега. Повеќе од 23 милиони луѓе се целосно имунизирани, а властите се надеваат дека ќе имунизираат до 70 милиони од 111,5 милиони жители до крајот на годината.

Дутерте претходно повика да се донесе закон со кој ќе се дозволат затворски казни за оние што го прекршуваат карантинот. Исто така, тој рече дека учесниците во масовните настани треба да одат в затвор.

На почетокот од јуни Дутерте рече дека оние што се свесни дека се ковид-позитивни, но ги прекршуваат мерките, заразуваат други и предизвикуваат смрт, ќе бидат обвинети за убиство.

Досега 2,67 милиона луѓе биле заразени со коронавирус на Филипините, од кои околу 39.600 починале.

Извор: Politika.rs
Фото: Presidental photo/CNN
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот