X
 13.11.2017 Технологија

Еве како „Фејсбук“ нѐ манипулира, без да забележиме

Социјалните медиуми може да бидат дигитално место каде што ќе поминеме половина живот и каде (ќе) се поврзуваме со другите луѓе, но не е тајна дека зад овие пријателски платформи се крие итра машинерија која всушност не ја познаваме.

Се разбира, постојат манипулација и неморал зад оваа работа. На пример, и натаму изостанува регулација која ќе обезбеди безбедност на корисниците, така што некој навистина може да ги искористи нашите лични податоци. Па сепак, колку од сето тоа е наша одговорност? На крајот, ние доброволно и наивно ги споделуваме нашите информации.

Додека девелоперите и инженерите тврдат дека цело време работат за да обезбедат сигурност на нашите информации, не ни кажуваат дека всушност треба да бидеме загрижени за сето тоа што го знаат за нас. Не е тешко да се забележи колку и најмалиот детаљ за нашиот живот споделен на социјалните мрежи си наоѓа место во алгоритмите на мрежите за маркетиншки цели.

Сè што гледате на социјалните мрежи е паметно избрано да им се допадне на вашиот вкус и интересите, за да ве направат потенцијален купувач. Како функционира дигиталниот свет и дали можеме да кажеме дека имаме слободен пристап до овие платформи? Што се случува кога социјалните мрежи нè користат како лабораториски глувци за да направат експерименти?

Во текот на 2012 година, група истражувачи од „Фејсбук“ објавија студија која предизвикала големи контроверзии. Објасниле дека случајно избрале 700 илјади корисници за да го тестираат нивното емоционално и социјално однесување „онлајн“. Како го направиле тоа? Експериментот се состоел од создавање алгоритми способни за филтрирање информации и прикажување само на позитивните и негативните информации за секој избран корисник. Целта е да се види како емоционалното однесување е поврзано со социјалните медиуми и информациите на кои сме изложени додека покажуваме како тие фактори можат да се менуваат од туѓите платформи.

Очигледно многу корисници помислиле дека социјалните мрежи ja пречекориле границата и биле бесни на нив, бидејќи преминале многу сериозна морална граница. После сè, тие ја изманипулираа и ја повредија приватноста на 700 илјади корисници, но најлошиот дел е тоа што не побараа согласност од нив. Две години по објавувањето на студиите, Мајк Шропфер признал дека нештата требало поинаку да се направат, но дека настанала толкава врева, поради што тие не успеале да ја објаснат целта на експериментот и оставиле впечаток дека манипулирале со своите корисници.       

Шропфер рекол дека вовеле низа правила за идните експерименти. Тоа не значи дека ќе нè користат во погрешни цели. Сите компании кои нудат одредени производи мораат да направат анализа и да истражат сè за да го подобрат производот. Сега идните истражувања ќе се засноваат на информации за кои сме се согласиле да ги споделиме.

Меѓутоа, колку социјални мрежи го направиле истото тоа? И што е преземено за сето тоа да се регулира?

За овие прашања можеби сè уште немаат јасен одговор, но откриваат дека не сме го промениле однесувањето на социјалните мрежи. Иако овие експерименти ги кршат нашите права, и ние имаме одговорност при користењето на новите технологии.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија