X
 27.05.2022 Здравје

Револуционерен вирус што го убива ракот почна да се тестира на луѓе

Во тек се нови и возбудливи истражувања кога станува збор за лекувањето на ракот. Во едно вакво истражување штотуку бил инјектиран вирус кој го убива ракот во човек.

Вирусот познат како ваксинијa (vaxinia) бил специјално создаден за да ги убива клетките на ракот и треба да ја подобри имунолошката реакција на телото. Вирусот бил ефективен во експерименти направени на животни, каде што ги намалил туморите на белите дробови, дојката, јајчниците, панкреасот и на дебелото црево.


Фото: Pixabay

Истражувачите се надеваат дека вирусот ќе помогне да се подобрат третманите против ракот.

Во првата фаза од експериментите на луѓе вирусот ќе им биде инјектиран на 100 пациенти со рак во напредна фаза кои претходно се обиделе со најмалку два други третмани.

Овие експерименти треба да бидат готови на почетокот од 2025 година.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје