X
 23.03.2016 Живот

Како изгледаат профилите на социјалните мрежи на лидерите ширум светот?

Во изминативе неколку години, социјалните мрежи стана место на кое светските лидери се вклучуваат во заедницата. Користењето на социјалните мрежи, особено Фејсбук и Твитер се разликува од политичар до политичар и од земја до земја.

 

obama


Додека само на некои страни се споделуваат секојдневните активности на лидерите, други пак се вклучуваат во разговори со нивните граѓани, и враќаат на коментарите од нивните следбеници. Исто така, тие ги користат овие социјални платформи за да споделуваат детали од своите приватни животи па така често пати може да се забележи прославување на родендени, споделување на фотографии од нивните деца и слични активности. И нормално, токму овие лични постови генерално се најпопуларни и најследени.

Како изгледаат профилите на светските лидери?

Lift off.

Posted by Barack Obama on Friday, January 22, 2016
Posted by Barack Obama on Sunday, February 7, 2016

 

Иако дел од секојдневната рутина на претседателот на Америка, Барак Обама, е да ги споделува неговите активности како прв човек на Америка, како и неговата политика, сепак, може да се забележи и неговата забавна и лежерна страна преку постирање на видеа од неговото гостување во забавни емисии како и секојдневните забавни активности кои се дел од неговиот живот.



A day with President Obama that I will never forget. The White House

Posted by Ellen DeGeneres on Friday, February 12, 2016

 

Најпопуларниот пост на Обама е споделен на страната на Белата куќа - семејна фотографија од семејството Обама кое им честита Велигден на фановите со 2.6 милиони лајкови, коментари и споделувања.

 

3


 

Oбама  постојано потсетува за климатските промени со кои се соочува нашата планета, па можат да се забележат голем број постови и споделувања поврзани со оваа тема со цел да ја подигне свеста кај граѓаните. 

 

обама

2



Фотографиите од светските лидери кои ја покажуваат понежната страна на лидерите, се доста популарни меѓу нивните фанови. Така, претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган има споделено фотографија како вози велосипед.

 

erdogan


Премиерот на Канада, Џастин Трудо пак, споделил фотографија од Ноќта на вештерките заедно со неговите деца.

 

trudo


Неодамна, Џастин сподели и фотографија со неговата сопруга додека седат во мрак, во чест на акцијата „Часот на планетата Земја“, a на неговиот профил се појави и фотографија на која тој држи две панди од зоолошката во Торонто.

 

трудо

 

Претседателот на Русија, моќниот Владимир Путин иако нема Фејсбук профил, неговите активности ги споделува на социјалната мрежа Твитер. Освен неговата политика, Путин споделува кои се неговите интереси, фотографии од неговите активности во спортот, јавањето, учеството во разни експедиции како и средбите со познатите светски спортисти.


Какви се профилите на балканските лидери?

Се чини дека балканските лидери и не се баш наклонети кон споделување на дел од приватниот живот или нивните лежерни активности, па кај нив ретко или можеби воопшто не можат да се забележат ваков вид на фотографии и постови. Така на пример, Фејсбук профилите на премиерот на Србија, Александар Вучиќ како и премиерот на Хрватска, Тихомир Орешковиќ, изобилуваат со дневно-политички активности и информации. Единствено кај премиерот Орешковиќ се забележува честитката упатена до младите скијаши како и кон хрватските ракометари.

Обилазак фабрике "Panasonic lighting devices Serbia" у Свилајнцу, са директором Панасониковог програма Сусакуом Нагаеом и руководством те компаније у Европи.

Posted by Александар Вучић on Wednesday, March 16, 2016

 


Социјалните профили на македонските лидери

„Онлајн“ однесувањето е слично и кај нашите политичари. Така, Фејсбук профилот на шефот на државата Ѓорге Иванов,  е полн со постови и споделувања од неговите должности како претседател, меѓутоа не може да се забележи пост во кој можеме да го видеме во различно светло. Истото важи и за премиерот Груевски, чиј профил и албуми изобилуваат со фотографии од конгреси, митинзи, сечење ленти и слично, меѓутоа други активности освен политичките, не можат да се забележат.  За замерка е и името на неговиот профил кое е напишано со латиница, а не со кирилична поддршка.

Понудивме 40 нови мерки од кои дел почнавме да ги имплементираме, но најголемиот дел ги нудиме како дел од новата програ...

Posted by Nikola Gruevski on Saturday, March 19, 2016

Ниту на крај памет не ми паднало и не ми паѓа да помилувам педофили, нарко-дилери, силеџии на избори, терористи, екстрем...

Posted by ЃОРГЕ ИВАНОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА on Friday, March 18, 2016

 

Фејсбук стана место кадешто светските лидери можат да допрат до нивните граѓани и да разговараат со нив за одредени проблеми и решенија. Фејсбук постовите често пати се наоѓаат на насловните страни на мејнстрим медиумите и станаа помоќна и поефективна алатка отколку традиционалните медиуми. Преку социјалните платформи лидерите се обидуваат да бидат поблиску до својот народ и својата нација - нешто што се чини дека за нашите лидери и не е толку важно.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот