Мотива-центарот за менаџмент, образование и обука организира шест обуки од проектот Одржливи вештини за раст и развој - Sustainable skills for Growth and Development, поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој. Обуките се посебно дизајнирани програми, наменети за насочување и почеток на едукација на невработени, студенти или вработени, кои сакаат да градат кариера и да се специјализираат и работат во една од горенаведените дејности во наредните неколку години, во рамките на секторите и одделенијата за човечки ресурси, продажба, маркетинг, набавка, финансии или информатичка технологија во јавен и приватен сектор или во своја компанија.
Обуките се во живо онлајн (преку Zoom) за вештини, алатки, знаење и начин на размислување потребни за да станете специјалист за: човечки ресурси, продажба, ИТ, набавки, маркетинг или за финансии.
- Обуката трае 4 дена по 2,5 часа и е исполнета со активно искуство за учење, вмрежување, менаџмент-игри, повеќе спикери, панели, работа во помали тимови. Секој учесник добива сертификат за завршена обука – велат од Мотива.
Секоја поединечна насочувачка обука е организирана во шест модули кои овозможуваат развој на вештини и знаења кои заедно со другите посочени извори на учење и практична работа во наредните три до шест години ќе им помогнат на учесниците на обуката во специјализирање и професионален развој, во секторите и одделенијата или во отворање сопствен бизнис во дејноста за која се заинтересирани.
За повеќе информации одете
ТУКА.