X
 17.05.2021 Живот

ФИТР и ПроКредит банка обезбедуваат полесен пристап до финансирање на иновативните компании

Фондот за иновации и технолошки развој и ПроКредит банка потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка со која микро, малите и средните претпријатија ќе добијат олеснет пристап до финансиски средства. Преку новиот пакет на банката најголем број услуги ќе бидат обезбедени за стартап-компаниите.

Главната придобивка ќе биде за компаниите-апликанти за кофинансирани грантови на ФИТР, за кои банката ќе обезбеди дополнителна финансиска поддршка во делот на сопствено кофинансирање преку поповолни каматни стапки од редовните. Олеснување ќе добијат и компаниите што аплицирале, но не им било одобрено кофинансирање од Фондот.

- Фактот што за само два месеца успеавме за компаниите, особено за стартапите, да обезбедиме различни поволности преку трите најуспешни банки во државата е уште еден доказ дека во банкарскиот сектор имаме вистински партнери кои ги препознаваат квалитетните програми на ФИТР и иновативниот потенцијал на домашните компании. Продолжуваме да ги слушаме потребите на стартап-заедницата и активно да работиме на наоѓање решенија за полесна реализација на нивните идеи - изјави Коста Петров, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.



Бизнис-пакетот на ПроКредит банка ќе вклучува најповолна каматна стапка на позитивно салдо на трансакциска сметка, пакет услуги вклучени во месечната провизија (сметка за кофинансирање, е-банкарство, MasterCard Business картички бесплатни за првата година, потврди-конфирмации за трети лица, издавање бонитет, доставување на информација до УЈП). Дополнително банката обезбедува и пониски провизии во рамките на домашниот и меѓународниот платен промет преку е-банкарство и кредитни продукти по преференцијална каматна стапка. Најважно од сè, компаниите добиваат банка-партнер, каде што преку личниот советник за бизнис-клиенти, бизнисот добива и советодавна услуга од сферата на банкарството, што е од исклучителна важност за стартапи и компании во развој.

- Со примена на партнерски и индивидуален пристап во работењето со компаниите, изградивме премиум бренд со високо квалитетна услуга за бизнис-клиентите. Како банка добро ги познаваме нашите клиенти, нивната историја, силните страни, но и предизвиците со кои се соочуваат во своето работење. Нашиот тим располага со знаење, искуство, но и ентузијазам заедно со клиентите да работиме на остварување на нивните планови за развој. Соработка со ФИТР ни овозможува да ја понудиме оваа поддршка и на малите амбициозни и иновативни бизниси, кои имаат голем потенцијал за раст и развој и може значително да учествуваат во креирањето на БДП, зголемувањето на извозот и отворање нови работни места - изјави Милан Дамчевски, директор на бизнис-филијала во ПроКредит банка.



Во наредниот период ПроКредит банка, во соработка со ФИТР, ќе организира едукативни и промотивни активности поврзани со можностите за финансирање на домашните компании од страна на банката и ФИТР, зголемување на финансиската писменост, со цел олеснување на пристап кон финансиските средства, олеснет бизнис-развој и комерцијализација на иновации.
Повеќе информации за пакетот можат да се најдат на следниот линк.



(Комерцијална објава)
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот