Од Исланд до Гренланд, фотографот Јан Ерик Вајдер има прилично големо искуство кога станува збор за пејзажни фотографии и снежни локации. Во неговата серија наречена „Слаба сличност“, тој патувал до најјужниот дел на нашата планета за да направи фотографии од осамената пустина на Антарктикот. Овие фотографии ја истакнуваат екстремната убавина на овој поларен регион.
Вајдер го посетил Антарктикот на крајот од 2019 година. Кога пристигнал на континентот, веднаш го погодиле светлината и текстурите на многубројните ледени брегови што пловат по темносините води.
- Ледените брегови го откриваат своето патување. Бев фасциниран од бескрајните варијации на сината боја што ги има во мразот на глечерите и во околните води. Во облачни денови сината боја е особено интензивна - вели Вајдер.
- Иако поминаа две години, јас сè уште не можам да го процесирам сето тоа што се случи таму. Дефинитивно, тоа беше едно од најнадреалните и најубавите искуства во мојот живот. Антарктикот е место на кое би можеле да работите. Патувањето со бродот „Барк Европа“ беше вистинскиот избор за да се доживее како се чувствувале истражувачите што тргнале во потрага по белиот континент - додава тој.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото: Jan Erik Waider