X
 13.12.2023 Живот

Шаќири: „Побарав авторите на учебникот по математика за шесто одделение да објаснат зошто е направена грешката“

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири бара авторите на учебниците да се повнимателни со цел да нема повеќе грешки како во учебникот по предметот Математика за шесто одделение.

- Побарав да се достават официјални забелешки од страна на универзитетските професори кои се вклучени во изработката на учебникот со наведени причини зошто е направена таа грешка. Знаете дека во сите учебници по математика, и ние кога сме учеле, имало грешки, но верувам дека и таа техничка грешка соодветно ќе се реши - изјави Шаќири.

Тој појасни дека се работи за техничка грешка направена од авторите, и покрај тоа што од двете страни на задачата се дадени неколку решенија.

На новинарско прашање во врска со проблемот со странските учебници кој трае веќе подолго време, министерот одговори:

- Побарав и од Завод за ревизија стручно мислење во однос на тоа толкување во Законот за учебници и во другите закони каде што треба да го има толкувањето во однос на странските учебници. Го очекувам одговорот и ви гарантирам дека ќе имаме добро дефинирање на законот и очекувам политичките партии тука да не прават проблем и ова да се реши во најбрз можен рок според препораките што ги имаме.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот