Руското одморалиште е вклучено во меѓународната асоцијација „Бавни градови“. Овој статус се доделува за квалитет на животот врз основа на побавното темпо, уникатноста, поддршката на локалната кујна, како и гостопримството.
Светлогорск, мал туристички град на брегот на Балтикот, на околу триесет километри од Калининград, е вклучен во меѓународната мрежа на градови наречена „Цитаслоу“ (Бавен град). Во мрежата се вклучени 240 града од светот, а Светлогорск е првиот град од Русија што го доби овој статус.
Градовите опфатени со здружението ставаат акцент на локалната кујна, новите зелени и пешачки зони, „чистите“ технологии, рачно изработените предмети, како и атмосферата на опуштено, гостопримливо место, каде што е лесно и удобно да се живее.
Светлогорск официјално е најдоброто место во Русија. Во овој град никој не брза.
До 1946 година бил германски град и се викал Раушен, за што сведочат зачуваните предвоени вили и градбата во пруски стил. Луѓето го напуштиле градот поради метежот на почетокот од деветнаесеттиот век, кога Раушен почнал да се развива како место за одмор и закрепнување.
Најпрепознатлив објект е кулата која на почетокот на минатиот век ја изградил познатиот германски архитект Ото Кукак, потпрена на институција за третман на минерална вода и кал. Денес овде се наоѓа една од зградите на Централниот воен санаториум.
Ваквите остатоци од германското наследство не се невообичаени, од
црквата „Серафим Саровски“ (поранешна лутеранска црква Раушен) до салата
за оргули во реновираната зграда на католичката капела од 1931 година.
Куќите во Светлогорск биле изградени меѓу новозасадени
четинари, така што денес градот практично е среде шума.
Станбените згради и главниот плоштад се опкружени со високи борови.
Оттука и препознатливиот мирис на четинари во воздухот, измешан со
морскиот ветер.
До морето, на неколку стотици метри, може да се стигне пеш или со жичница.
Кејот е реновиран, па сега има модерно шеталиште со велосипедски патеки, клупи, локална брза храна и панорамски лифт.
Светлогорск со право е познат како тивко, мирно место со многу плажи, мали хотели и локални ресторани. Дури и езерото е тивко. Тоа е рај во борова шума, каде што можете да прошетате или да изнајмите брод.
Градските улици се празни кога ќе се стемни, но наутро оживуваат кога ќе се отворат многубројни кафулиња и слаткарници.
Од 2019 година постапката за влез во Калининградската област е значително поедноставена со воведување електронски визи за туристи од 53 земји во светот.
Извор:
b92.net
Фото:
Instagram