Илон Маск сподели интересно видео на „Твитер“ создадено со помош на вештачка интелигенција. Станува збор за модна ревија на која главните ѕвезди се политички лидери.
Ревијата ја води папата Франциск, кој е во слично издание како на фотографиите од вештачката интелигенција што претходно станаа вирални, на кои носи голема бела јакна и бела чанта.
Едно од највпечатливите изданија е на Владимир Путин, кој на оваа модна ревија носи фустан од „Луј Витон“ во боите на виножитото. Посебно интересно за претстојните претседателски избори во САД е тоа што Бајден беше претставен во инвалидска количка.
И Маск се појавува на модната писта во костум што потсетува на оној што го носат астронаутите, а на него е истакнато логото на „Тесла“.
Доналд Трамп носи портокалов костум на „Луј Витон“ кој наликува на облеката што ја носат затворениците во американските затвори. Тука се и Ким Џонг-ун, Ненси Пелоси, Џастин Трудо во фустан, како и Барак Обама, кој се појавува во неколку различни изданија.
Камала Харис на пистата се појавува во костим за капење и здолниште на кои е напишано „Камала 2024“, а тука се и Берни Сандерс, Џеф Безос и Бил Гејтс, кој носи екран кој потсетува на колапсот на ИТ-системот пред неколку дена.
Извор:
Klix.ba
Фото:
Тwitter