X
 07.02.2019 Образование

Уште една меѓународна акредитација на Универзитетот „Американ колеџ Скопје“


Универзитетот „Американ колеџ Скопје“ (УАКС) има чест да ве извести за најновата меѓународна акредитација што ја доби за студиската програма на додипломски студии, Сметководство и ревизија при Факултетот за деловна економија и организациони науки.
Одборот за акредитација за меѓународната стручна школа ACCA (the Association of Chartered Certified Accountants) го одобри барањето на Универзитетот „Американ колеџ Скопје“ (УАКС) за акредитација на програмата Accounting and audit од прв циклус на студии.

Важноста на оваа акредитација на предмети е од исклучително значење за студентите што студираат на програмата Accounting and audit од прв циклус на студии, бидејќи акредитираните предмети им се признаени од страна на ACCA (the Association of Chartered Certified Accountants). Секој млад професионалец од УАКС од областа на сметководство и ревизија ќе има можност да се стекне со меѓународна лиценца за работа која ќе го истакне на домашниот и меѓународниот пазар на труд.
Оваа меѓународна акредитација е навистина голем успех за УАКС, со кој регионално се гордее целиот тим..



ACCA (the Association of Chartered Certified Accountants) е најголема и најреферентна институција во светот за сметководство и ревизија и е прифатена во над 100 земји.
Веруваме дека сметководството е од витално значење за растењето и просперитетот на економиите, па затоа работиме низ целиот свет, за да ја надградуваме професијата и да го направиме општеството поправедно и потранспарентно.
Имаме повеќе од 208.000 целосно квалификувани членови и 503.000 студенти низ светот. Тие се меѓу најдобрите квалификувани и најбарани сметководители во светот и работат во секој сектор што можете да го замислите.
Организациите нѐ познаваат и веруваат во нашето име. Ние сме таму секој ден, поврзувајќи се со големи и мали претпријатија, влади, образовни институции и креатори на мислења. На врвот сме на новите трендови, закони и законски барања, со што помагаме тие да се обликуваат.
Поради сето ова, во состојба сме да создадеме иновативни сметководители со стратешко размислување, какви што се потребни за растечките потреби на светот.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование