X
 14.03.2020 Култура

Камерата на Самир Љума и Фејми Даут најдобра во документарец според престижната ИМАГО

Снимателите Самир Љума и Фејми Даут ја освоија наградата за најдобра кинематографија за документарен филм за „Медена земја“, што им ја додели Интернационалната федерација на кинематографери - ИМАГО. Овие награди се доделуваат трета година по ред.
Церемонијата на доделување требаше да се одржи вечерва во Брисел, но поради коронавирусот е откажана.

Даут и Љума беа во конкуренција на тројца други колеги – Вирџини Сурдеј („By the Name of Tania“), Рој фан Егмонд („Сидик и леопардот“) и Никола де Пансие („Anthropocene“).

Ова е врвна награда во светот на кинематографијата и една од низата награди за Љума и Даут и воопшто, за „Медена земја“. ИМАГО е интернационална федерација на кинематографери со речиси 4000 члена од цел свет.


Наградата за најдобра кинематографија во игран филм ја доби Роџер Дикинс за филмот „1917“ на Сем Мендес. Дикенс годинава го освои и Оскарот во истата категорија.

За ТВ-драма наградата ја освои Џејмс Френд за серијата „Лоши вести“. Награда за најдобриот студент по кинематографија ја освои Каспер фан Оорт од Холандија. Холгер Јунгникел ја освои наградата за најнадежен кинематографер. Наградата за посебни достигнувања ја освои директорот на фотографија Жан-Пјер Бовиала.



Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура