Ова се денови кога наместо да ја учиме лекцијата за вредноста на ЖИВОТОТ, го учиме спротивното! А ќе речеме, ВОЗРАСНИ сме! Често се срамам, многу повеќе од возрасните отколку од децата!
Е за нив ми се пишува и зборува токму сега! За децата и состојбата во која сега живеат и растат. За тоа колку нивната психа и ум може да се носат со нешто од кое возрасните се преплашени. Наставникот во мене нема да зборува за онлајн-учењето, за онлајн-часовите што ги сработил, споделил или не, за работењето во еден куп групи по социјалните мрежи и работно време кое почнува од утро и завршува до ноќ. Душа не дава да речам дека тоа е најважно! Оти не е!
Ова е дел од пораката на Иле Михајловски е одделенски наставник во „Кирил и Методиј“ во Свети Николе. Тој е и еден од најдобрите избрани на Балканска конференција на наставници од екс-ју државите. Им ја прати на своите ученици и на нивните родители, а им посака и што поскоро да ги наполнат училиштата и да им се радува што се деца, живи, здрави и среќни.
Прочитајте повеќе на
Деца.мк.