X
 30.05.2022 Живот

Една третина од Австријците се за укинување на функцијата претседател

По неколку дена откако претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен, ја најави кандидатурата за втор мандат, една третина од граѓаните не сакаат да излезат на гласање, а една третина оценуваат дека функцијата шеф на државата е непотребна, покажуваат резултати од најновата анкета.

Според истражување за телевизијата АТВ, 37 отсто од Австријците се за укинување на функцијата претседател, додека за зачувување на функцијата се изјасниле 48 проценти од испитаниците. Најголем број од оние што се за укинување на функцијата претседател се поддржувачи на Слободарската партија на Австрија (ФПО).

Според анкетата на неделникот „Профил“, 46 отсто од испитаниците изјавиле дека би гласале за Белен, а 23 отсто би гласале за друг кандидат.

Анкетите покажуваат дека 31 отсто од Австријците изјавиле дека не сакаат да излезат на претседателските избори.

За вториот мандат на претседателот Хајнц Фишер во 2010 година на гласање излегоа 53,6 отсто од граѓаните.

Извор: МИА
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот