X
 15.08.2017 Живот

Последиците што би ги предизвикала нуклеарната војна

napad

Kaко што растат тензиите меѓу Северна Кореја и Америка, можноста за нуклеарен напад е пореална од кога било. Иако се надеваме дека лидерите на овие земји ќе ја искористат дипломатијата наместо оружјето, се наметнува и големото прашање за возможен конфликт.

Кои би биле последиците од нуклеарен напад? Колку луѓе би починале од нуклеарните проектили? Нил Халоран создаде одлично видео во кое ги визуализира податоците и прикажува што би се случило ако биде притиснато црвеното копче.

Видеото започнува со бројките за моменталното население во светот. Според него, населението расте со стапка од 83 милиони луѓе годишно. Потоа е прикажано колку луѓе починале во изминативе 50.000 години. Анализирајќи го бројот на смртни случаи секоја година, жртвите од Втората светска војна се веднаш очигледни дури и во толку широк обем. Халоран користи многу паметна графика и многу тесна скрипта што овозможува да ја разберете инаку неразбирливата скала на податоци за населението.

1
Фото: Printscreen/YouTube

Нападот на Хирошима и Нагасаки


Видеото продолжува со анализирање на бројот на смртни случаи при нападот на Хирошима и Нагасаки во 1945 година.

Потоа Халоран ги екстраполира овие броеви земајќи ја предвид зголемената моќ и броевите на нуклеарните боеви глави и зголемената густина на потенцијално таргетираните градови за да даде хипотеза како би можел да изгледа нападот денес. Тој признава дека броевите би биле различни, во зависност од тоа каде би се случиле нападите, како и колкава стапка на успех би имале боевите глави, меѓутоа, вели дека смртна стапка од повеќе од половина милијарди човечки жртви за три недели е малку веројатна. Ова е еквивалент на вкупно десет Втори светски војни.

2
Фото: Printscreen/YouTube

Додека податоците во моментот се само претпоставки, голема е веројатноста по нуклеарниот напад да се соочиме со еколошки последици. Халоран укажува дека целите на нападите веројатно ќе бидат подземни објекти за складирање воени бродови. Уништувањето на овие бродови ќе предизвика ослободување на големи количини прашина. Оваа прашина може да се собере како огромен облак, доволно силен за да го намали влијанието на сончевите зраци. Намалената сончева светлина ќе ги смени глобалните температури и драматично ќе влијае врз земјоделството, предизвикувајќи повеќе смртни случаи од глад и загадување.

Видеото завршува со дискусија за иднината на нуклеарните програми. Истражувањата покажуваат дека мировните напори на ОН се ефективна алатка за минимизирање на конфликтите што би можеле да резултираат со нуклеарна војна.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот