Британски истражувачи се подготвуваат намерно да заразат волонтери со делта-сојот од коронавирусот за потреби на истражување кое треба да им помогне да ја измерат ефективноста на вакцините и на третманите.
Претходно истражувачи од Обединетото Кралство изложиле околу 40 волонтери на првиот познат сој на коронавирусот за истите цели.
Фото: Pixabay
Сега, група научници во компанијата за лабораториски услуги „хВиво“ работат на создавање на делта-сојот кој ќе биде искористен само за експериментите. Иронично, делта-сојот, кој бргу се шири низ светот, потешко се создава во лабораториски услови, открил научникот Ендру Кечпол.
Дополнителен предизвик за истражувачите е тоа што лабораториската верзија на делта-сојот треба да биде совршена копија на сојот што се шири во светот.
Извор:
Futurism
Фото: Pixabay