X
 14.05.2022 Забава

Креативни реклами што ја покажуваат моќта на маркетингот

Кои се факторите што играат улога во популарноста на рекламите? Експертите за маркетинг често велат дека во рекламата треба да има хумор или емоција за да биде запомнета. Тоа е точно доколку се земат предвид рекламите во продолжение. Ова се некои од најкреативните реклами на сите времиња.

Алекса го губи гласот

Сите го препознаваме гласот на виртуелниот помошник „Алекса“. „Амазон“ го искористи овој глас и направи духовита реклама во која се појавуваат славни личности.


Глупави начини на умирање

„Метро трејнс Мелбурн“, операторот на подземната железница во австралискиот град, на интересен начин ја подигнува свеста на корисниците на метрото да бидат внимателни и да ги следат насоките.


Зошто треба да се учат јазици

Една реклама на училиштето за странски јазици „Берлиц“ на смешен начин покажува зошто е важно да се учат странски јазици.


Бети Вајт е гладна

Оваа реклама за „Сникерс“ била снимена пред повеќе од една деценија, но и понатаму е омилена. Легендарната Бети Вајт додава хумор и шарм во рекламата.


Извор: Studentski
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава