Еден геолошки феномен успеа да ги надмине сите природни убавини на Маврициус. Во недопрената зелена оаза сместена е мала пустина, чиј песок е во неверојатни бои.
Во едно мало село на западот на земјата, наречено Шамарел, постои надреален геолошки
феномен, кој успеа да ги надмине сите други природни убавини на земјата. Овде се наоѓа мала пустина, чиј песок доаѓа во неверојатна комбинација на бои - црвена, кафеава, виолетова, розова, зелена, сина и жолта.
Туристите ги опишуваат овие песочни дини како психоделични. Неверојатните бои кои нежно се прелеваат една во друга се резултат на вулканска активност. Се верува дека настанале како резултат на ладење на вулканска прашина и карпи на различни температури, како и мешање со минерали. Сепак, една мистерија останува нерешена - како самиот песок се групира по боја?
Феноменот беше откриен во 60-тите години на минатиот век, кога го добил и неофицијалното име - „Земјата на седумте бои“. До денес остана една од најпопуларните атракции на Маврициус, иако има силна конкуренција од рајските плажи и прекрасната природа.
За жал, не е можно да се оди по него бидејќи е заштитен со ограда. Сепак, дозволено е фотографирање на овој феномен.
Фото:
Instagram