X
 06.12.2023 Забава

Мараја Кери повеќе не е кралица на Божиќ - песната на оваа пејачка сега е најслушана

Благодарение на песната „All I Want For Christmas Is You“, Мараја Кери со години ја носеше титулата кралица на Божиќ. Но, повеќе не е на тронот.

Имено, песната на Бренда Ли - „Rockin' Around the Christmas Tree“ го зазеде првото место на билбордовата „Хот 100“ листа во САД. Таа го издаде овој сингл во 1958 година, а минатиот месец сними нов спот.

За популарноста на „Rockin' Around the Christmas Tree“ придонесе „Тик-ток“ бидејќи на оваа платформа голем број млади се снимаат со оваа песна.

Песната е напишана од Џони Маркс. Интересно е што оваа песна ја снимила кога имала само 13 години. Многумина мислеле дека станува збор за постара жена со оглед на бојата на нејзиниот глас.

- Имам прекрасни обожаватели кои се со мене уште од првиот ден кога почнав да пеам. Тие останаа со мене, ми беа лојални. Посреќна сум за нив отколку за себе. Не можете да срушите добра песна - изјави Бренда неодамна.

Таа додаде дека не е загрижена дали ќе остане на првото место.

- Само сакам да бидам дел од музичкиот свет и да имам добри песни. Ако некој друг е прв, одлично за него. Само дозволете ми да учествувам - рече таа.

 

Извор: Klix.ba
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава