X
 14.06.2024 Наука

Сѐ повеќе болници во САД бараат од персоналот да се вакцинира против грип

Болниците и здравствените системи во САД имаат цел што поголем број вработени да се вакцинираат против грип. И една нова студија објавена во списанието „ЈАМА нетворк опен“ сугерира дека повеќето од тие болници ќе бараат од вработените да се вакцинираат или да бараат изземање.

Тоа значи дека повеќе пациенти би можеле да избегнат да заболат од грип додека добиваат здравствена заштита - клучна цел за подобрување на безбедноста на пациентите. Сè на сè, новата студија покажува дека 96% од болниците што ги опслужуваат американските ветерани и 74% од болниците што ја опслужуваат општата јавност бараат персоналот да се вакцинира против грип или да бара изземање.

Студијата била направена од тим од Универзитетот во Мичиген и „ВА Ен Арбор“ здравствениот систем, а болниците биле истражувани на оваа тема од 2013 година. Нивното најново истражување го открива огромното влијание на директивата на Здравствената управа на ветераните од 2020 година - да бара вакцинација против грип.

-Нашите наоди го покажуваат влијанието на еден од најголемите здравствени системи во Соединетите Држави, заземајќи став и воспоставувајќи политика која се заснова на етичкиот принцип на медицината: не прави штета - вели д-р Тод Грин, главен автор на новата студија.

Тимот на истражувачи побарал од болниците што имаат донесено одлука за задолжително вакцинирање да споделат какви видови исклучоци се дозволени. Имало разлика во однос на верски исклучоци, при што 82% од болниците кои не се дел од Здравствената управа на ветераните и 95% од тие што се ги дозволиле исклучоците. Многу мал број болници дозволиле да се одобруваат откажувања од вакцинација без конкретна причина.

Во времето на истражувањето, кое почнало на крајот од првата сезона на грип, само 33% од болниците во Здравствената управа на ветераните рекле дека имале казни за персоналот кој не се вакцинирал. За споредба, 74% од болниците што не се дел од управата имале такви казни.

Грин забележува дека истражувањата на американските здравствени работници покажуваат дека процентот на вакцинација против грип се намалил со текот на времето, од 91% во текот на сезоната 2019-2020 на 81% до сезоната 2022-2023.

- Секогаш ќе има колебање против вакцините и загриженост за телесната автономија меѓу здравствените работници, а ефективноста на вакцината против сезонски грип е променлива. Но, за луѓето што работат во околината на здравствена грижа придобивките од вакцинирањето генерално ќе ги надминат сите потенцијални ризици - заклучил Грин.

Извор: medicalxpress.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука