Цените за јавниот превоз во Шпанија веќе биле намалени за 50 отсто поради зголемените цени на енергијата и забрзувањето на инфлацијата. Меѓутоа, сега Владата на земјата најавила бесплатен јавен превоз од септември.
Жителите ќе може да користат бесплатен превоз за повеќе возови на државната компанија „Ренфе“. Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, најавил бесплатни билети за возови за повеќе возења кои ќе бидат достапни од 1 септември до крајот на годината.
Оваа мерка не ги вклучува билетите за едно возење или за патувања на долги релации, туку билетите за повеќе возења.
Според Министерството за транспорт, мерката треба да ги охрабри жителите да го користат јавниот превоз во секојдневието бидејќи цените на енергијата и на гориво растат.
Извор:
CNN
Насловна фотографија: Pixabay