Американската компанија
Lyft покренува промотивна акција за 100 жители од Чикаго на кои им нуди по 500 долари кредит за нивните транспортни услуги, со единствен услов да не ги користат своите
автомобили.
(
Фото: Pixabay)
Промотивната акција ќе почне овој месец, а компанијата нуди 300 долари кредит за автомобилски превоз, 45 долари за услугата
Divvy (споделување велосипеди), како и по 100 долари за
Zopcar и „L“ за превоз со автобус или воз.
„Ние буквално од луѓето бараме да се откажат од користењето на своите автомобили“, истакна Дејвид Кечер, регионалниот шеф на
Lyft, кој додаде дека на луѓето им нудат можност да го паркираат својот автомобил на 30 дена, „а за тоа време ќе им обезбедат сè што им е потребно за да се движат низ градот“.
Во текот на користењето на оваа услуга, корисниците ќе ги известуваат граѓаните на Чикаго за своите искуства преку социјалните мрежи, а компанијата веќе најави проширување на истата акција и во Портланд, каде што од учесниците ќе се бара да не ги користат своите автомобили цела година.