X
 27.10.2022 Живот

Возачи без дозвола и со технички неисправни возила превезувале ученици, за 4 часа МВР откри 47 прекршоци

Полицијата денеска изврши акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици на територија на Македонија, при што констатирани се 47 сообраќајни прекршоци, информира Министерството за внатрешни работи.

- Во периодот од 6:00 до 10:00 часот на територијата на Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 47 сообраќајни прекршоци - се вели во соопштението.

Од МВР соопштија дека од вкупниот број санкции, пет се за технички неисправни возила, три мерки поради непоседување задолжителна опрема, две санкции за возење без возачка дозвола, 17 возила се упатени на вонреден технички преглед.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот