Побарувачката на компаниите за нови работници во Германија во јули е на највисоко ниво, а најголема побарувачка е регистрирана во секторот информациско-комуникациска технологија, соопшти Сојузниот завод за вработување (ФЕА).
Индексот на слободни работни места е зголемен во јули за два поена на 256 поени, што е највисоко ниво од воведувањето во 2005 година.
Бројот на слободни работни мета е зголемен и во стопанството.
Рекордно ниво на побарувачка е регистрирано и во секторот малопродажба, индустриско производство и јавна управа.
ФЕА го образложува тоа со долготрајната економска благосостојба во државата. Освен тоа, ниско ниво на вработени означува и дека работниците моментно се чувствуваат посигурни за менување работни места.
Владината агенција нагласува дека некои сектори на стопанството, здравството и кај социјални работници, се соочуваат со сериозен недостиг на квалификувана работна сила.
Во јуни регистриран е најмал број невработени жители на Германија од почетокот на националните мерења во 1990 година.
Извор: МИА