X
 13.10.2021 Здравје

Научниците откриле екстракти од растенија што го спречуваат размножувањето на коронавирусот

Научници од Политехничкиот универзитет во Валенсија објавилe истражување во кое се анализира потенцијалот на билните екстракти и природните соединенија кои би можеле да го спречат размножувањето на коронавирусот САРС-КоВ-2.

Според истражувачот Карли Гуихаро, коронавирусот во својот генски материјал кодира протеаза позната како 3ЦЛПро, која е клучна за создавање нови вирусни единици.

- Со оглед на нејзиното значење, оваа протеаза во неколку истражувања била избрана како цел за барање потенцијални инхибитори, без разлика дали се природни или синтетички, кои може да ја намалат неговата активност, а со тоа и репродуктивниот капацитет на вирусот - објаснил Гуихаро.


Фото: Pixabay

Овие истражувачи идентификувале 17 билни производи кои се користат во традиционалната кујна, а кои се богати со молекулите што дејствуваат инхибиторно.

Според истражувачите, екстракти од куркума, синап и вид диви зелки најмногу го спречуваат размножувањето на коронавирусот. Екстрактот добиен од куркума дал најдобри резултати. Биле добиени позитивни резултати и при тестирањето на пречистен комерцијален производ врз основа на куркуминоид, пренесува „Еклиника“.

Извор: Eklinika
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје