X
 14.08.2022 Економија

Ова е најевтиниот град во Европа за студентите

Португалскиот град Порто бил прогласен за најевтин град за студентите. Порто се наоѓа на првото место на листа составена од платформата „Студент го глобал“ годинава. Во рангирањето биле земени предвид 250 градови низ светот.

Порто, кој е најголемиот град во Португалија, е познат и по Универзитетот во Порто, кој привлекува многу странски студенти, како и по Политехничкиот институт во Порто.

Според рангирањето, втор најевтин град во Европа за студентите е Прага во Чешка, а по него е Мадрид во Шпанија.


Фото: Прага/Pixabay

Најевтини градови во Европа за студентите

1. Порто, Португалија
2. Прага, Чешка
3. Мадрид, Шпанија
4. Барселона, Шпанија
5. Бирмингем, Обединето Кралство
6. Лидс, Обединето Кралство
7. Белфаст, Обединето Кралство
8. Глазгов, Обединето Кралство
9. Гетеборг, Шведска
10. Единбург, Обединето Кралство.

Извор: Schengen visa info
Насловна фотографија: Порто/Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија