X
 14.09.2016 Живот

Животните мудрости на старите: Патувајте и видете го светот!

1. Најважната личност во вашиот живот е личноста која се согласила да го дели својот живот со вас. Така и однесувајте се со неа.

2. Можеби ќе имате долг живот или пак вашиот живот ќе биде краток - кој знае. Но во секој случај, верувајте ми кога ќе ви кажам дека ќе сакате да сте внимавале на себеси додека сте биле млади.

3. Работите се само работи. Немојте да бидете опседнати со материјалните нешта, ценете го времето и искуството.

4. Љубомората ја уништува врската. Верувајте во вашиот партнер - на кого друг би му верувале?

5. Луѓето секогаш велат: „Погрижете се да работите нешто што ќе го сакате“. Но тоа не е најдобриот совет. Вистинската работа е работа која некогаш ја сакате, некогаш не ја поднесувате, но и понатаму ви ги плаќа сметките. Скоро никој не работи работа која ја сака секој ден.

6. Ако некогаш ви е тешко, само вратете се во сегашниот момент и уживајте во се' што е убаво и пријатно. Земете здив и опуштете се.

7. Годините поминуваат додека трепнете. Немојте да стапувате во брак млади. Живејте го вашиот живот. Патувајте и видете го светот. Занимавајте се со нешто без оглед на тоа колку пари имате. Спакувајте се и одете онаму каде можете да си дозволите. Додека никој не зависи од вас, не купувајте работи. Никакви работи. Видете го светот.

8. Не го сфаќајте животот сериозно. Дури и ако работите ви изгледаат мрачни и безнадежни, обидете се да се насмеете на тоа колку животот е блесав.

9. Вистинскиот пријател ќе дојде со трчање ако му се јавите во 2 часот наутро. Сите останати се само познаници.

10. Децата растат пребрзо. Искористете го времето максимално со нив.

11. Никој никогаш не умрел жалејќи што не работел повеќе. Бидете вредни, но немојте да ја ставате работата пред семејството, пријателите и себеси.

12. Јадете и вежбајте како да сте дијабетичар и како човек  кој имал мозочен удар - за никогаш да не станете.

13. Не ги сфаќајте советите на луѓето како заповед. Можете да побарате совет од некој кој го почитувате, но разгледајте ја вашата ситуација и донесете сопствена одлука.

14. Зглобовите кои сте ги повредиле денес ќе ви се одмаздат подоцна. Дури и ако мислите дека целосно сте се опоравиле.

15. Имаме само една шанса на оваа земја. Немојте да се разбудите и да сфатите дека имате 60 години, а не сте ги направиле нештата за кои сте сонувале.

16. Ценете ги малите работи и бидете присутни во сегашниот момент. Младите луѓе денес сакаат се' и го сакаат веднаш. Наместо тоа, зошто да не го цените секој мал момент? Нема да останеме вечно на оваа луда/прекрасна планета. И најголемото задоволство може да се пронајде во најдосадните активности. Наместо да испратите порака, кренете слушалка и јавете се. Јавете ѝ се на вашата мајка, разговарајте за едноставни работи. Тоа се моментите кои треба да ги цените.

17. Плаќајте ги сметките и избегнувајте ги долговите. Кога би можел да си ги вратам парите кои ги потрошив на камати сите овие години, би бил богат човек.

18. Кога ќе запознаете некој за прв пат, застанувате и сфаќате дека всушност не знаете ништо. Гледате раса, пол, години, облека. Заборавете го сето тоа. Не знаете ништо. Овие претпоставки се засновани на предрасуди кои ви се јавуваат во главата поради тоа што вашиот мозок сака категории кои ве ограничуваат и вас и животот на другите луѓе.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот