X
 11.10.2019 Живот

Платон: Љубовта е сериозна ментална болест

Платон (427 пр.н.е. – 347 пр.н.е.) е влијателен класичен грчки философ, ученик на Сократ, учител на Аристотел, писател и основач на Академијата во Атина. Платон ја обожувал математиката, сметајќи ја за идеален производ на човечкиот дух и за совршено знаење. Таа љубов ја споделувал со питагорејците. Над вратата на својата школа го ставил известувањето: „Нека не влегува никој што не знае геометрија“.


Главно влијание врз Платон извршил Сократ, на кој му ги посветил речиси сите свои дела - дијалози, главно компонирајќи ги како Сократови разговори со личности познати во Атина во тоа време и други градови-држави. Овие дела се зачувани во целост - вкупно 35 дијалошки расправи и 13 писма. Главни негови дела се „Држава“, „Гозба“, „Федон“, „Софист“ и „Тимај“.

Прочитајте дел од неговите мудрости:

Добрите одлуки се засновани на знаење, а не на бројки.

Секој човек лесно може некому да наштети, но ретко кој може некому да му стори добро.

Љубовта секого го претвора во поет.

Храброста е еден вид спасување.

Диктатурата потекнува од демократијата, а најстрашната форма на тиранијата и на ропството потекнува од најголемата слобода.

Незнаењето е корен и извор на секое зло.

Ако од жената се очекува да ги врши сите работи како и мажот, тогаш треба да ја научиме истото што го учиме и мажот.

Никогаш не обесхрабрувајте некој што напредува, без разлика колку бавно му оди.

Само мртвиот го има видено крајот на војната.

Не постои заклетва на вљубениот.

Мудриот човек зборува бидејќи има што да каже, а будалиот пак зборува бидејќи мора нешто да каже.

Лажните зборови ја трујат душата.

Љубовта е сериозна ментална болест.

Почетокот е најважниот дел од работата.

Секој град, без разлика колку е мал, е поделен на два дела. Во еден дел се богатите, а во друг сиромашните. Тие секогаш водат војна меѓу себе.

Дури и боговите сакаат шеги.

Државите се како луѓето, тие се раѓаат од карактерот на луѓето.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот