08.12.2020
Живот
Слики што нѐ враќаат во детството: Овие работи ги гледавме во домовите на нашите баби и дедовци
Сетете се на времињата кога човек беше среќен со многу малку работи што беа внимателно чувани. Тогаш стаклените тегли не се фрлаа, а понекогаш се чуваа и пластичните чаши од јогурт.
Дали можете да се сетите како се чувствувате кога како мали деца одевте кај баба и дедо. Мирисот, вкусот, звуците? Многу луѓе се потсетуваат на деновите на безгрижност, скромност и среќа.
На инстаграм-профилот
„Дете деведесетих“ се споделуваат фотографии што многумина од овие краеви ги потсетуваат на детството. Некои и денес се користат.
Подготвил: Тамара Гроздановски