X
 14.09.2020 Култура

„Звуците на чаршијата“ насекаде низ Старата скопска чаршија

Театарски претстави, ликовни колонии, стендап-комедија, концерти од различен жанр на плоштадите, улиците на Старата скопска чаршија, Скопското кале од синоќа до 17 септември ќе се реализираат во рамките на манифестацијата „Звуците на чаршијата“.

Сарана Адеми на флејта и Верица Шотаровска на пијано ќе одржат концерт утре во 16 часот, во Старата скопска чаршија, во рамките на манифестацијата „Звуците на чаршијата“, која по 14. пат синоќа беше отворена со концерт на пејачката Туна. Во 17 часот пред Мурат-пашината џамија предвиден е настап на Адил Алуш и „Јени Јол оркестар“, а во 19 часот на плоштадот Скендербег ќе биде изведена театарската претстава „Не плаќам“. Од 20 часот на плоштадот „Филип Втори“ ќе се одржи концерт под наслов „Есенски звуци, бојата на звукот“. Во 22:30 часот на Скопското кале ќе бидат проектирани два кратки филма: „Земја“ во режија на Ибер Деари и „Балкон“ на Линдита Зеќирај.

„Звуците на чаршијата“ е во организација на Културно-информативниот центар од Скопје.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура