X
 18.01.2017 Живот

Црна листа на изведувачи кои биле забранети во Советскиот сојуз

Напишана на руски со напомена : „Препорачуваме користење на овие упати заради строги контроли на случувањата во дискотеките“, оваа листа открива дека Алис Купер бил забранет заради „насилство и вандализам“, Секс Пистолс заради „панк и насилство“, а Тина Тарнер едноставно, заради „секс“.

Путин не би сакал да го видите ова. Докажува дека луѓето од Советскиот сојуз бил ужаснати од западната „насилна“, „фашистичка“, „расистичка“ и „еротска“ музика.

Во 1985 година, кога Студената војна кулминирала, еротичноста на Дона Самер била воено оружје. Така барем велат од „Младинското крило на Комунистичката партија“ од кое составиле црна листа на бендови кои не смееле да се слушаат во такво општество.

Во случај никогаш да не сте го чуле името на Хулио Иглезиас во иста реченица со неофашизам, можеби ќе ве зачуди оваа листа. Во Советскиот сојуз, секој аспект од општеството бил контролиран и по потреба цензуриран.

Но, оние кои ги поставувале цензурите ја потцениле многу важната особина на луѓето, а тоа е – што повеќе им се забранува нешто, толку повеќе го сакаат. Освен што непрестано ги слушале сите забранети музичари, туку и илегално шверцувале снимки од нивните албуми.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот