Нашата галаксија Млечен Пат ќе се судри со галаксијата Андромеда. Но, нема место за паника - нема да се случи во наредните милијарди години. Сепак, астрономите сакаат да откријат како ќе изгледаат работите откако ќе се спојат галаксиите. За среќа, тие пронашле еден куп галаксии што ќе им помогнат подобро да предвидат што ќе се случи кога нашата галаксија ќе се соочи со големиот судир.
Спојувањата на галаксиите се честа работа. Всушност, Млечниот Пат веројатно проголтал помали галаксии во текот на својата долга историја. Во центарот на многу галаксии седи џиновска црна дупка, а спојувањето го прави навистина интересно нивното однесување во процесот. Бидејќи црните дупки имаат огромни гравитациони полиња, забавно е да се види што се случува кога ќе ги ставите еден до друг.
За истражувањето, тимот на астрономи набљудувал десетици галаксии користејќи ги вселенскиот телескоп „Хабл“ и телескопот „Кек“ на Хаваите. Од тие податоци, тимот забележал околу 20 галаксии подложни на спојувања. Главниот автор вели дека набљудувањето на овие галактички парови е прилично неверојатно.
- Во нашето истражување гледаме две јадра на галаксијата веднаш со правењето на фотографијата - вели водечкиот авор Мајкл Кос, научник од компанијата „Еурека сајентифик“.
- Станува збор за чист резултат што не се потпира на толкување - додава тој.
Истражувањето е уникатно бидејќи успеа да фати црни дупки во доцните фази на процесот на соединување, кога се скриени во гас и прашина и тешко може да се видат. Претходните истражувања ги испитувале судирите, но само кога поединечните црни дупки биле околу 10 пати подалеку.
Клучот за успехот лежел во користењето на телескопите „Хабл“ и „Кек“. Резултатите ги изненадиле астрономите. Од испитани 500 галаксии, околу 17 отсто од нив имале спојување на црните дупки во нивните центри. Астрономите мислеа дека најновите фази на соединување ќе бидат невозможни за гледање бидејќи симулациите сугерираат дека спојувањето ќе потрае релативно кратко време.
За подобар поглед, астрономите нетрпеливо чекаат да се лансира вселенскиот телескоп на НАСА, „Џејмс Веб“, во 2021 година. Кога конечно ќе стигне до вселената, астрономите сметаат дека ќе покаже многу подобар поглед на спојување на галаксиите со своите инфрацрвени камери.
- Со овие набљудувања можеме да започнеме да
истражуваме дел од предметите што се спојуваат во најмладите, најоддалечени региони на универзумот - вели коавторот на истражувањето, Силвејн Веилеукс, истражувач по астрономија на Универзитетот во Мериленд.