X
 14.11.2021 Живот

Јапонија ги претвора старите автобуси во сауни

Јапонските власти имаат генијален план за користење на старите автобуси - ќе ги трансформираат во сауни.

Старите градски автобуси што не се функционални се проблем во целиот свет и честопати претставуваат отпад кој е тежок за рециклирање. Во Јапонија овие автобуси повеќе нема да бидат оставени на отпад, туку ќе се претвораат во градски сауни.


Фото: Sabus

Надворешниот изглед на автобусите ќе остане непроменет, но јапонските дизајнери умеат целосно да ја сменат внатрешноста.

Првиот ваков автобус ќе почне да се користи во февруари следната година, а дотогаш градските власти треба да најдат места на кои ќе ги поставуваат автобусите.

Сауните ќе може да се изнајмуваат, а се очекува првите клиенти да бидат сопствениците на козметички салони.

Извор: Green
Фото: Sabus
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот