Кристина Милошевиќ од Лесковац, Србија, е победничката на натпреварот организиран од Факултети.мк за избор на најстудентски оброк од најмногу четири намирници.
Кристина нè посети во нашите простории за да си го подигне подарокот заедно со нејзините другарки.
- Ние сите сме од Лесковац, ама студираме тука на Филозофскиот факултет. Живееме во студентскиот дом „Томе Стефановски - Сениќ“ и многу ни е убаво во Скопје - рече Кристина.
Уште еднаш ѝ честитаме на победничката!
Во продолжение можете да го погледнете оброкот што таа го приготви и освои најмногу гласови.