Научниците од Универзитетот во Токио случајно го направиле најсилното контролирано магнетно поле во историјата, притоа им експлодирала цела лабораторија. За среќа, успеале да направат видео што е прилично неверојатно.
Во деталната работа што ја објавиле во магазинот „Преглед на научните инструменти“, тие објаснуваат дека се обидувале да направат магнетно поле за да ги тестираат својствата на новите материјали со кои требало да изградат генератори.
Тие се обидувале да направат магнетно поле со сила од 700 тесли, но случајно произвеле многу повеќе, околу 1.200 тесли. Колку за споредба, малите магнети за фрижидери имаат сила од 0,1 тесла.
Се подготвуваат за уште поголем подвиг
Ова поле е најголемото контролирано магнетно поле во историјата, со оглед на тоа што тестирањето се вршело во лабораториски услови, во затворен простор. Но, тоа сепак не е најсилното магнетно поле некогаш направено. Во тоа успеале руските научници, кои надвор од лабораториски услови, во 2001 година успеале да постигнат магнетно поле со сила 2.800 тесли.
Јапонските научници, за да се заштитат, направиле железен кафез кој бил предвиден за магнетно поле од 700 тесли. Логично, со сила од 1.200 тесли ја уништиле вратата од лабораторијата, како и инструментите во неа. Но, не планираат да се откажат. Сега
планираат да го подобрат кафезот и да се обидат да направат посилно магнетно поле, овој пат 1.500 тесли.