X
 08.01.2015 Живот

Временска прогноза до крајот на работната недела и состојба на патиштата



Во четврток ледено утро, со утрински температури кои што ќе се движат од -15°C до -6°C. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и студено. Слаб ветер со променлив правец, а во западните предели ќе дува слаб југозападен и западен ветер. Максималните дневни температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од -3°C до 5°C.

Во вечерните часови ќе има појава на магла.

Во Скопје во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност и студено. Слаб ветер. Утринската температура од -12°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 1°C.

По студеното и понекаде магловито утро во петок во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло со благ пораст на дневните температури. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од -11°C до -2°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до -1°C односно до 7°C.

Weather4all.com.mk

СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, наместа со остатоци од снег на коловозите. Поради ниски температури можна е појава на голомразица.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

РАБОТИ НА ПАТ: На делот од патот од брана Маврово до раскрсницата за село Галичникпродолжуваат градежните работи. Поради присуство на градежна механизација и работници, препорачуваме внимателно возење и почитување на времената сигнализација, а повремено кога се врши асфалтирање можно е и времено затворање на патниот правец.

Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес - Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Препорачуваме внимателно управување со возилата.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:
- од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
- и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
Учесниците во сообраќајот треба да се придржувааат на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација се до завршување на градежните активности.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

ВРЕМЕНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ГРАД СКОПЈЕ: Град Скопје, ги известува учесниците во сообраќајот, дека на 19.12.2014 година стартува времениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила, чија најголема дозволена маса надминува 15 тони, на подрачјето на Град Скопје. Забраната е од времен карактер и ќе се спроведува до 31.03.2015 година, во текот на денот и тоа од 08 часот до 20 часот.

Извор - АМСМ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот