X
 07.05.2017 Здравје

Зошто бактериите се опасни како никогаш досега?

Сценаријата за можните последици од бактериите се ужасни: луѓето со обична исекотина кои се изложени на некоја бактерија може да бидат доведени во животозагрозувачка ситуација, а понекогаш и до смртоносни инфекции. Беше предвидено антибиотиците да ги превенираат инфекциите и да спречат смрт. Но во САД околу два милиони луѓе беа инфицирани со бактерија што не може да се лечи со антибиотици и најмалку 23.000 луѓе годинава умреа од овие инфекции.

Бактеријата што ги предизвика овие инфекции мутираше и стана отпорна на повеќето антибиотици што се развиени да се изборат со нив. (Во видеото на крајот од овој текст, можете да видите како всушност се случува тоа.) Стручните лица за јавно здравје велат дека супербактериите се резултат на долгогодишно неправилно користење на антибиотиците, кога треба и не треба и во големи дози, поради што тие го изгубиле своето дејство. Забележана е и претерана употреба на антибиотиците во фармерството со цел да се постигне поголем раст кај животните. Поради злоупотребата на антибиотиците, бактериите мутираат за да најдат начин како да станат поотпорни на разни видови лекови.

Единствен начин да се добие битката со отпорните супербактерии е да се надмудрат. Во последните години, лекарите и болниците бараат поголема контрола на издавањето антибиотици и бараат увид на нивната употреба. Се спроведуваат и едукативни програми за да ги поучуваат луѓето кога антибиотиците се неопходни за употреба, а кога не смеат да се користат. За да им се спротивставиме на супербактериите, мораме да бидеме издржливи колку што се тие.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје