X
 20.02.2018 Наука

Зошто најголемото достигнување на Никола Тесла е во Нијагарските Водопади?

1
Фото: Getty Images

Некои брилијантни луѓе меѓу нас се во можност да го видат она што не можат обичните очи и умови. Кога пронаоѓачот Никола Тесла размислувал за Нијагарските Водопади, не ги гледал само како прекрасен приказ на моќта на природата, туку и како начин да создаде енергија. Во 1895 година Тесла и индустријалецот Џорџ Ветингхаус ја создале првата светска хидроцентрала во Нијагарските Водопади, победувајќи го ривалот на Тесла, Томас Едисон, и менувајќи го начинот на кој ги перципираме моќните природни сили.

Во она што медиумите го нарекувале „Војната на струите“, Тесла и Едисон се натпреварувале со нивните системи за пренос на електрична енергија. Тесла бил наречен „наизменична струја“ (АС), а Едисон „директна струја“ (DC). АС-системот користел трансформатор што можел да го регулира напонот во различни ситуации како што е пренос на долги растојанија или осветлување во затворен простор, и се покажал како поевтин и поефикасен.

Како дел од овој натпревар, Тесла и Едисон биле вклучени во предлозите за развивање фабрика на Нијагарските Водопади. И двајцата биле земени предвид на натпреварот во 1893 година, организиран од Меѓународната комисија за Нијагарските Водопади - на крајот комисијата се одлучила за предлогот на Тесла. Предводена од британскиот физичар Лорд Келвин, комисијата сметала дека АС-системот предложен од Тесла преку „Ветингхаус“ бил посилен од оној на Едисон. Келвин бил убеден во супериорноста на пристапот на Тесла за време на неговата посета на Колумбиската изложба во Чикаго во 1893 година.

2

За Тесла, учеството во проектот на Нијагарските Водопади бил долгогодишен сон. Во неговата биографија, Тесла раскажува дека уште како мал имал идеја за водени турбини. Слушајќи ги Нијагарските Водопади, Тесла пишува дека во неговата фантазија имало големо тркало што го движеле водопадите. Тој дури и му кажал на својот чичко дека еден ден ќе оди во Америка и ќе го реализира својот сон.

Сонот од детството на Тесла се реализирал, но било потребно многу време. Изградбата на електраната на Нијагарските Водопади вклучувала други познати поддржувачи, како Ј.П.Морган, Џон Јакоб Астор, Лорд Ротшилд и В.К.Вандербилт. Проектот траел неколку години, а се заканувале и финансиски тешкотии и сомнежи дека можеби нема да успее. Тесла не ја посетил фабриката сè додека не била завршена, а бил и зафатен со други проекти и се соочил со пожар во неговата лабораторија во Њујорк, трагедија што траела неколку месеци додека да го врати она што го изгубил.

3

Откако била завршена, генераторите на Тесла произведувале 50.000 коњски сили, огромна моќ за тоа време. Конечно, на 16 ноември 1896 година била испратена енергија во Бафало, Њујорк.

Зборовите на Тесла при отворањето на хидроцентралата на Нијагарските Водопади се дека го гледа достигнувањето од историска перспектива, нарекувајќи ја станицата „споменик достоен за нашата научна ера“.

5
Еден од реакторите дизајнирани од Тесла

„Имаме многу споменици од минатите векови, имаме палати и пирамиди, храмови на Грците и катедрали на христијаните. Во нив е прикажана моќта на луѓето, големината на нациите, љубовта кон уметноста и верската посветеност. Но споменикот на Нијагара има нешто свое, повеќе во согласност со сегашните мисли и тенденции. Тоа е споменик достоен за нашето научно време, вистински споменик на образованоста и мирот што го означува потчинувањето на природните сили во служба на човекот, прекин на варварските методи, ослободување на милиони од страдање“.

2
Фото: Duncan Rawlinson

Како фабриката всушност генерира електрична енергија? Како што пишува историчарот Дејвид Џ.Кент, за да се „влезе“ во кинетичката енергија генерирана од Нијагара, дел од водата што се протега низ водопадите е испратена низ долг тунел каде што се претвора во серија турбини кои ја претвораат енергијата во механичка што создава електрична енергија.

По неколку години од отворањето на фабриката, нејзината електрична енергија била нарачана од илјадници жители и бизниси, со зголемување на бројот на генератори на десет. Потоа енергијата стигнала до Њујорк, електрифицирајќи ги Бродвеј, уличните железници и метрото. Другите централи биле изградени и на Нијагара и на други места во Америка. До 1920 година хидроцентралите обезбедувале 25 отсто од целата електрична енергија во Америка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука