X
 17.04.2021 Живот

Сопственик на ресторан му понудил работа на човекот што го ограбил

Кога работниците на ресторанот „Диајблос суатвест грил“ во Огаста, Џорџија, пристигнале на работа утрото на 3 април, забележале дека стаклото на предната врата било скршено. Таа вечер се случила кражба во ресторанот.

Карлс Волис, сопственик на ресторанот, видел можност да му помогне на крадецот и да му понуди работа. Волис напишал на фејсбук-страницата на ресторанот дека му нуди работно место на крадецот, кој очигледно имал проблеми со финансиите и животните одлуки.



Објавата набргу станала вирална и досега била споделена илјадници пати, а ресторанот добил многу обожаватели.

Волис открил дека неговата првична реакција била бурна, но откако се смирил, размислил за ситуацијата од друга перспектива. Размислувал за крадецот, кој при кражбата го ризикувал животот, а притоа не заработил ништо.

Автор: Лиудија Адомаите и Денис Тимулис
Извор: boredpanda.com
Фото: Facebook
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот