Иако не сакаме да признаеме, првенствено го користиме Фејсбук за да ги шпионираме другите.
Според истражувањата, вашата активност на Фејсбук може да открие многу за вашата личност, вклучувајќи го и тоа колку сте самоуверени и нарцистички настроени.
Луѓето имаат тенденција да објавуваат апдејти онлајн во согласност со една од „Големите пет“ особини на личноста (екстровертност, отвореност, согласност, невротичност и совесност), велат истражувачите од Универзитето Брунел.
Тие откриле дека:
- Невротичните луѓе користат Фејсбук за да побараат потврда од другите;
- Нарцисите информираат за нивните достигнувања, исхрана и вежбање и бараат внимание и валидација преку големиот број „лајкови“;
- Отворените, љубопитните и креативните луѓе воглавно постираат за политички и интелектуални теми;
- Разумните луѓе не постираат многу често и кога постираат тоа е воглавно за нивните деца;
- Оние со ниска самодоверба воглавно постираат за нивните партнери.
И вашите фотографии можат да кажат многу. Истражување од Универзитетот во Пенсилванија студирало пет различни видови на слики и фотографии. Тие открија:
- Луѓето кои позираат со предмет или во смешна поза на нивната профилна фотографија се отворени кон нови искуства;
- Невротичните луѓе имаат профилни фотографии со предмет или милениче; нешто што не го вклучува нивното име. А оние кои ставаат фотографија на која нивното лице има чуден израз покажува дека повеќе би сакале да изгледаат мизерно, меѓутоа се свесни од социјалниот притисок да изгледааат среќни;
- Разумните луѓе имаат среќни, совршено врамени профилни слики;
- Повеќето согласни луѓе имаат профилни фотографии на кои се смеат сами или со пријатели;
- Екстровертите имаат шарени профилни слики и користат методи да изгледаат помладо отколку што се.