X
 12.08.2019 Наука

Потребни се 50 милиони години за да закрепне светот на птиците во Нов Зеланд

Кога пристигнале во Нов Зеланд пред 700 години, луѓето го уништиле светот на птиците до тоа ниво што ќе бидат потребни 50 милиони години за да закрепне, велат научници во напис во „Кјурент биолоџи“.

Регенерацијата на толку разновиден свет на птици, како што беше во Нов Зеланд, ќе трае многу подолго отколку што постои човештвото, посочуваат авторите.

Повеќе од 70 вида птици исчезнаа откако дојдоа луѓето во Нов Зеланд. Уште 30 вида се на раб на опстанок иако се преземаат мерки и напори за нивно зачувување.

„Ако изумрат тие критично загрозени видови, закрепнувањето би траело уште 10 милиони години“, напишаа научниците, кои дошле до заклучоци проучувајќи ги фосилите и користејќи компјутерски симулации за да ги пресметаат резултатите.

Извор: МИА
Фото: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука