X
 25.05.2020 Живот

Елени уживаат во цутењето на црешите во празниот парк Нара во Јапонија

Ако барате нешто позитивно во ова време на неизвесност, тогаш овој спектакл е вистинското нешто за вас. Иако не можеме да патуваме физички, можеме да патуваме преку прекрасните слики и видеа што ги споделуваат другите луѓе.

Јапонски фотограф сподели неверојатна снимка од паркот Нара уште во април и сега снимката стана вирална. Луѓето се апсолутно воодушевени од мирната сцена со елени како уживаат во расцутувањето на црешите.


Фотографот Казуки Икеда организирал фотосесија во паркот

тој ден, правејќи прекрасни фотографии за брачен пар. И додека парот бил оригиналниот фокус на фотографиите, за интернет-корисниците, елените се ѕвездите на денот.






2

Паркот Нара е познат по популацијата на Сика елените. Туристите обично купуваат крекери што се продаваат во паркот и се специјално наменета храна за нив, правејќи ги популарна атракција за сите што го посетуваат паркот. На почетокот на март, кога бројот на туристи падна и локалното население мораше социјално да се дистанцира, било забележано дека елените го напуштиле паркот и барале храна низ улиците.

3

Фотографот Казуки ги охрабрува луѓето да го посетат паркот веднаш штом ќе бидат отстранети рестрикциите. Тој сака да ја покаже убавината на својот град и локалниот парк за да ги охрабри луѓето да одат во паркот и да уживаат во природата.

4

- Пандемијата ги исцрпува срцата на луѓето низ целиот свет. Се надевам дека ова видео ќе ги натера луѓето ширум светот да се чувствуваат добро - вели тој.

Извор: Bored Panda
Фотографии: Kazuki Ikeda
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот