X
 03.04.2015 Образование

Како да научите да пишувате кинески знаци?

Ние секогаш претпоставуваме дека англискиот јазик е доволен за да се разбереме секаде. Оние поупорните го знаат и шпанскиот, а некој можеби помни малку германски или француски од училиште. Впрочем, мандаринскиот кинески е речиси исто популарен како англискиот и шпанскиот заедно.


Се проценува дека дури 955 милиони луѓе го зборуваат овој јазик. Тоа е 14,4% од светското население. Би сакале да го научите овој тежок јазик? Почнуваме со 5 често користени и лесни знаци.

Кинескиот знак за „големо“

„Da“ значи „големо“ или „возрасен“. Знакот е лесен за пишување.


Почнете од горе надолу, од десно кон лево. Правата црта на врвот оставете ја за крај.

Кинески знак за „уста“

„Kou“ е уста. Тоа е еден од најлесните знаци за пишување.


За да го запомните, сетете се на изгледот на устата. Слично е, не?



Кинески знак за „планина“

„Shan“ се пишува почнувајќи од линијата во средина во насока од горе надолу. Потоа ја цртате линијата од левата страна, а потоа десната. Конечно, ги поврзувате сите линии.





Кинески знак за „месечина“

Знак за „месечина“ - „yue“ е едноставен.


Започнувате со цртање две линии од горе надолу. Таа од левата страна се извиткува на дното, а онаа од десната страна се извиткува кон внатрешноста. Потоа ги цртате хоризонталните црти во средината.


Кинески знак за „оган“

„Huo“ е уште еден лесен знак.


Започнувате со двете линии, прво подолгата, па пократката. Визуелно потсетува на оган.


Последен чекор: Многу вежбање!


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование