X
 05.04.2015 Образование

Средношколците ќе ја бојкотираат наставата од понеделник

Средношколците не се откажуваат и како што најавија на последниот марш, ќе ги радикализираат своите мерки и активности во однос на стопирањето на лошите реформи во образованието.


Почитувани,

И соопштуваме на јавноста дека од неделава што следи, Средношколскиот Пленум ги радикализира своите мерки и активности околу стопирање на лошите реформи во образованието. Имено, под радикализација подразбираме отпочнување на бојкот на наставата во средните училишта. До започнување со ваква форма на изразување на незадоволството дојде по таканаречената последна опомена која им ја дадовме на надлежните институции, и недобивањето одговор и повратна информација од страна на истите, и покрај нашите неуспешни макотрпни обиди и трудови нашиот глас да биде слушнат, и да стапиме во контакт со институциите, за кои сметаме дека си поиграа со нас и ја изневерија нашата доверба. Воедно, ја користиме оваа можност, повторно да го повикаме Министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми, да ги прими претставниците од Средношколскиот Пленум на средба и преговори, бидејќи во спротивно, ќе продолжиме со нашите активности за изразување на незадоволството и револтот кој е предизвикан кај учениците.

Со почит,

Средношколски Пленум


Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование