Средношколците ја бојкотираа наставата пет недели, а веќе две недели бојкотот беше радикализиран со тоа што се пристапи кон кампување пред Министерството за образование и наука со цел да се добие средба со министерот, Абдилаќим Адеми, но и позитивен резултат од истата.
Барањата на средношколците сè уште не се задоволени. Денес истекува законската можност за отсуство од настава на средношколците, поради што тие ќе се вратат на настава, но само за продолжат со протестот.
Средношколскиот пленум вчера објави соопштение на „
Фејсбук“:
„Утре сите гимназии што бојкотираат го ресетираат бојкотот со цел да не бидат казнетите нашите сопленумци од Родителскиот пленум. Тоа значи дека понеделник се оди на настава но бојкотот официјално продолжува по часовите. Ова е изгласано на Генерален Пленум. Се гледаме на фронт!
Со ова сакаме да покажеме упорност, истрајност и сплотеност во нашата борба.
#ПоздравПленумци“
Како изгледаат камповите и што мислат средношколците?
Средношколскиот фронт одблизу.