X
 30.01.2023 Живот

Амстердам отвори подводен паркинг за 7.000 велосипеди

Холандскиот град Амстерам претстави неверојатен подводен паркинг за велосипеди со кој се олеснува патувањето низ градот за жителите и се ослободува простор на улиците.

Паркингот се наоѓа во главната станица во Амстердам која секојдневно ја поминуваат околу 200.000 луѓе, од кои половина се на велосипеди. Изградбата на паркингот траела четири години, а чинела 65 милиони долари.



Во паркингот има место за 7.000 велосипеди. Паркирањето е бесплатно првите 24 часа, а потоа чини 1,46 долари дневно. Во паркингот има и велосипеди за изнајмување.



Меѓутоа, нема полначи за електрични велосипеди, што значи дека не е погоден за овој вид велосипеди.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот